Мицкоски: Бошњачката заедница преставува нераскинлив дел од македонското мултиетничко општество

„Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците и ви посакувам добро здравје, среќа, радост и бериќет“ се вели во честитката од Мицкоски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.

„Бошњачката заедница преставува нераскинлив дел од македонското мултиетничко општество.

Бошњачката заедница, традиција и култура во Република Македонија се длабоко вкоренети во нашето општество и даваат придонес во процесот на негување и зацврстување на меѓусебните односи и културната разноликост која е карактеристика за нашата држава.

Бошњачката заедница давала и дава огромен културен и економски придонес во развојот на нашата заедничка татковина.

Бошњаците денес како и сите граѓани на Република Маледонија ја живеат тешката реалност, исполнета со корупција, криминал, несигурност и беспарица. Тоа мора да се смени, и заеднички да ја градиме обновата за која мораме да се избориме.

Цврсто сум убеден дека во иднина ќе го продолжиме со концептот на почитување на сите заедници во Република Македонија и одржување на стабилно и одржливо мултиетничко општество.

Искрено, на сите припадници на бошњачката заедница им посакувам добро расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства.

Нека Ви е честит 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците“ стои во честитката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2019 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега