Стоилковски: Докторите ги тепаат заради негрижа на министерот Филипче

Само во еден ден се случија два физички напади врз доктори. Двајца доктори, еден во Скопје и еден во Тетово денеска се жртви на физичко насилство, на тепање и омаловажување. Уште повеќе, информациите велат дека директор на една од болниците каде се случи напад денеска, не дозволил протест заради физичкиот напад. Докторите ги тепаат заради негрижа на министерот Филипче, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Насилството нападите врз докторите се резултат на дисфунционалност на системот, на нефункционирање на целосно девастираниот здравствен систем на Венко Филипче. Додека му ги тепаат докторите неговото име се слуша за местење тендери и рекетирање на компании. Едноставно, насилството низ болниците е заради нефункционирањето на системот и негрижата на Филипче. Ама Венко Филипче ниту по една мината недела од протестот не можеше да остане да поведе сметка туку мораше да замине во Њујорк! Венко Филипче без срам се појави на протестот на докторите против насилството врз нив и бесрамно си продолжи со својата негрижа!, потенцира Стоилковски и додава:

„Венко Филипче ниту еднаш не се појави да каже што навистина е преземено за здравството и заштитата на докторите, за достоинството на медицинскиот персонал? Ниту еднаш не излезе  јавно да побара и да соопшти што е преземено од државниот систем против насилниците врз докторите, ниту еднаш не се слушна дали воопшто има некаков процес за насилство врз доктори? А сето насилство се случува токму заради Филипче и целосниот распад на здравствениот систем! Ниту се води грижа за медицинскиот персонал- ги лажеше за повисоки плати и услови, ниту води сметка за пациентите- наместо тоа, се споменува во кривична пријава за лажење на светски здравствен гигант кој што ги подобрува стандардите за пациентите во Република Македонија. Венко Филипче и Октоподот на власт , растурија готов проект за Клинички Центар со обезбедени пари, за сега уште да нема ниту проект за нов Клинички- само и само заради можност за задоволување на лукративните пориви, можност за тендери, можност за набавки во 4 очи“.

Каде се сега Филипче, но и Оливер Спасовски како прв на полицијата?, запраша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. -Кој да ги заштити докторите? Дали е вистина дека еден од денешните напаѓачи е полициски службеник и дека има обид за забошотување на насилството?

-Почитувани, ова е под секој праг на толеранција, под секој праг на достоинствен здравствен систем, под секој праг на услови за пациентите и за медицинскиот персонал во Македонија! Насилството мора да сопре веднаш а за тоа се потребни системски промени, прекинување со девастацијата на здравството заради тендери и договори, потребна е системска грижа за пациентите и медицинскиот персонал! Потребно е Венко Филипче да замине од министерската фотелја, потребна е оставка и одговорност!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2019 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега