ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ знаат само за притисоци и уцени врз критичките медиуми

Зоран Заев и СДСМ се фатени во криминал до гуша. Затоа се извадени од памет од медиумите кои се храбри да известуваат за злоупотребите на власта. Затоа се обидуваат да ги заплашат и премислат во намерата критички да ги опсервираат злоупотребите на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и СДСМ знаат само за притисоци и уцени врз критичките медиуми и новинари. Вчера од страна на МВР и ОЈО, а по директен диктат на СДСМ и Заев се спроведе диктатура и режим. МВР и ОЈО по наредба на Оливер Спасовски и Зоран Заев вршеа претрес во Нет Пресс само поради објава на скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал од страна на висок функционер од Владата на СДСМ. Тоа го изведоа додека медиумите протестираа пред ОЈО против притисоците врз новинарите и медиумите. Со ваквиот чин, ОЈО, СДСМ, Заев и Спасовски вршат директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Кривичните пријави и политичкиот прогон против уредникот на Инфомакс Александар Митовски, новинарот и уредникот на Лидер, Љупчо Златев, против новинарот Горан Момировски и телевизија Алфа се јасен показател дека власта се плаши од вистината и од правдата во Република Македонија. Кривични пријави, закани, уцени врз новинарите и медиумите имаат за цел да ги заплашат и замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите. Со тоа власта сака да ја спречи јавноста да се информира за важни случувања во Република Македонија. Но, СДСМ мора да знае дека колку повеќе го зголемува притисокот врз својот народ и медиумите, толку повеќе и погласно ќе излегуваат на виделина сите нејзини криминали и коруптивни скандали“.

ВМРО-ДПМНЕ, се потенцира во соопштението, ги охрабрува новинарите и медиумите да не се плашат и да не дозволат притисокот од власта на СДСМ да ги заплаши.

-ВМРО-ДПМНЕ апелира до власта и до СДСМ, веднаш да престане да врши политички прогон врз медиумите и новинарите и да им дозволи професионално и непристрасно да си ја вршат работата. Граѓаните во Македонија имаат право да ја дознаат вистината за криминалните скандали на Заев и СДСМ и затоа гласноста на народот и јавноста ќе ги победи молкот и цензурата на власта. Прогонот врз новинарите и медиумите, како и затскривање на вистината ќе бидат совладани, кога најголемиот лажго Зоран Заев ќе стане минато и ќе си замине од власт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2019 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега