Независната пратеничка група му се заблагодари на Герберих за зеленото светло од Бундестагот

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија претпладнево испрати телеграма до германскиот амбасадор во земјава, Томас Герберих во знак на благодарност за зеленото светло од Бундестагот за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Пратениците наведуваат дека ја уважуваат неговата поддршка за како што велат, унапредување на македонско германското пријателство.

-Посветеноста која ја покажавте во насока на развојот на демократијата е за поздравување. Од наше име, за крај сакаме да Ви се заблагодариме за поддршката која ни ја дадовте нам, во оние моменти кога некои политичари намерно манипулираа за исправноста на нашата одлука со својот глас да допринесеме да се придвижат процесите со конечно решавање на спорот со името кој Македонија го имаше со Грција. Денес, веќе се гледа позитивната промена на нашата реалност и се отвара можност Република Северна Македонија да ја добие својата шанса да покажеме дека навистина ќе допринесеме за европското семејство, вредно, посветено и чесно – велат од Независната пратеничка група.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2019 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега