Героски: Ајде сега да видиме дали правдата е неселктивна

Новинарот Бранко Героски во својот статус на Фејсбук вели дека е време да видиме дали правдата е неселективна во врска со кривичното гонење на новинарот на Инфомакс.

-АЈДЕ СЕГА ДА ВИДИМЕ ДАЛИ ПРАВДАТА Е НЕСЕЛЕКТИВНА

Во врска со кривичното гонење на новинарот на Инфомакс, Обвинителството појаснува:

„Кривичното дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 од Кривичниот законик го сторува тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или на друг начин ќе му ги стори достапни податоците кои претставуваат службена тајна или прибавува такви податоци со намера да ги соопшти или предаде на јавноста или на неповикано лице.

Според став 4 од истиот член на Кривичниот законик, како службена тајна се сметаат податоците или документите што со закон, со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени врз основа на закон се прогласени за службена тајна и чие откривање има или може да има штетни последици за службата.

Според член 289 од Законот за кривична постапка, сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител се сметаат за тајна”.

Во ред, ова е совршено јасно. Сега очекувам според истите членови на законите кои се овде цитирани, ОЈО да поднесе обвинение против Ден Дончев, директорот на Фондот на здравство, кој јавно, на прес-конференција, информираше за дејствија преземени во предистражна постапка (пред тоа истото го сторил и во комуникација со трети лица), дејствија кои според член 289 од ЗКП се сметаат за тајна, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.09.2019 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега