Радост за љубителите на спортот: Спорт-каналите целосно достапни на „Max TV“

Од денеска сите љубители на спортот ќе можат да уживаат гледајќи ги сите светски спортски настани на  „МаxТV“. Од денеска содржините на Арена Спорт 1 каналот ќе бидат достапни за сите „МаxТV“ корисници, а корисниците на пакетот „Маx Спорт +“  ќе ги гледаат  Арена Спорт 2,3,4    по промотивна цена од 199 денари до крајот на годината, информираат од Т-HOME.

За радост на сите спортски љубители, каналите вклучуваат УЕФА Лига на шампиони и УЕФА Лига Европа, Италијанско национално фудбалско првенство (Серие А), Француско национално фудбалско првенство, како и Национални куп натпревари на Шпанија, Англија, Германија, Франција, Копа Либертадорес, Бразилски шампионат, Регионални фудбалски лиги на Србија, Босна и Хрватска ...

Т-HOME  обезбеди и нова апликација  „ТВ Микс“, со која може да се следат четири програми на еден екран. Апликацијата е особено погодна за паралелно следење на фудбалски натпревари во живо, без менување на канали и без проверување на резултатите на интернет.

Исто така, сите корисници на 3 Max/2, Max Start i Comfort ќе можат да го следат и информативниот канал Ал Џезира Балкан.

10.10.2013 - 15:26
Фото: 
Сител

најчитано сега