Колку од запленетите икони во Албанија потекнуваат од Македонија?

Како што веќе објавивме, албанската полиција привела двајца албански државјани кај кои се откриени преку 1.077 икони и предмети кои веројатно имаат културно-историско значење. Од нив, информираат денеска од македонското МВР, најверојатно само три икони потекнуваат од Република Македонија.

- Договорена е средба меѓу стручни лица од Македонија и од Албанија за да се изврши идентификација на иконите и ако биде потврдено дека потекнуваат од Македонија да може да се отпочне соодветна постапка за нивно враќање во земјава, вели портпаролот на МВР Иво Котевски за МИА. Тој истакнал дека по дополнителните вештачења, постои можност да се зголеми бројот на иконите кои потекнуваат од Македонија.

МВР во соработка со Управата за заштита на културно-историското наследство и со МПЦ-ОА досега преку Интерпол има распишано потрага за 113 икони.

- Согласно сите податоци и карактеристики на иконите кои ги бараме, според оперативните сознанија, тие се изнесени од територијата на Република Македонија, вели Котевски во изјава која ја пренесува МИА.

10.10.2013 - 15:13
Фото: 
Плусинфо

најчитано сега