ВМРО-ДПМНЕ: Владата се служи со наши амандмани кои претходно ги отфрлаше

Денешната најава за намалување на ДДВ од 18% на 5% за возила, од страна на министерот за економија, е само потврда дека оваа Влада нема никаква визија па сега се служат со идеи односно амандмани од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои предходно ги отфрлаа со Собранието, а истите сега ги нудат како решенија. Ова го велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

- На Педесет и третата седница на комисијата за финансирање и буџет одржана на 27 мај 2019 година, пратениците го разгледуваат Законот за данокот на додадена вредност.  Во текот на самата седница пратениците Илија Димовски и Дафина Стојаноска поднесоа повеќе амандмани, но истите беа отфрлени со 3 гласа “за“ и 8 гласа “против“. Амандамните беа во насока да се воведе повластена даночна стапка од 5% за автомобили на електричен погон и хибридни возила, за велосипеди и електрични велосипеди, тротинети и скутери и за изнајмување на спортски објекти за спортски активности. Целта на поднесените амандами беше да се намали малопродажната цена на овие производи со што истите би биле подостапни за граѓаните, а воедно и да се допринесе во заштита на животната средина и загадувањето, велат преку соопштение до јавноста.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега