Јанушев: Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер

Писмото на Катица Јанева за предавање на предметите од СЈО на ЈО било пишувано на компјутер и на рака. Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала? Ова го прашува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил.

- Заев ѝ се јавил на Катица Јанева да ги ослободи осумтемина екс-пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени. Катица го искористила тоа и преку Боки влегува во сета корупциска приказна?!? Некако познато звучи, но не го кажуваше ова ВМРО-ДПМНЕ? Ајде да повториме што друго сме кажале: “Водачот на криминално-рекетарска банда - Зоран Заев на крајот од овој краткометражен траги-комичен игран филм со наслов “Зоки и бандата пробаа да си играат Влада” ќе излезе дека бил позадината на се!?!” А, што друго да очекуваме од аболициран криминалец (и тоа не еднаш), освен криминал и уништување на државата, и баш затоа, прво ќе бидете поразени на предвремени парламентарни избори, а потоа ќе одговарате за сите криминали и злодела што ги направивте, напиша тој. П.С. - како беше тоа од “душегрижниците” дека сме биле договорени и лидерската е само про-форма?!?

Вели се виде дека не е, и ВМРО-ДПМНЕ нема да биде алиби на Заев за тој да продолжи со контрола врз обвинителството. Таа контрола му треба освен за притисок и прогон кон опозицијата, пред се му треба за амнестијата на сите негови криминали и криминалите на неговите луѓе. Но, вистината и правдата сега или потоа ќе дојдат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа