ВМРО-ДПМНЕ: Што знае Боки13 за Заев да се плаши, СДСМ сака криминалците да бидат неказнети

Истекуваат два месеци откако Боки 13 е во притвор, а тој се уште не е повикан на распит. Што знае Боки 13, па Русковска и Заев се плашат од тоа!? Ова го прашуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

 - Единствено што ЈО прави е развлекување на истрагата за да биде заборавена во јавноста аферата Рекет.  ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија. За сето време Катица Јанева продолжува да командува со имституцијата преку која го вршела кривичното дело. Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара одалечување од службата. Русковска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која ѓу командува на нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки заради злоупотреба на службена положба и овластување. Апсурд до апсурд, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 Според опозицијата, ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркус.

 

 - СДСМ не сака право. СДСМ сака криминалците да останат неказнети. СДСМ нема кредибилитет повеќе. СдСМ мора да си замине, додаваат од партијата.

         

         

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега