Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ се повеќе наликува на грчка Златна зора

ВМРО-ДПМНЕ го извалка големиот државен празник 8 септември – Денот на независноста.Посветена на одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не испрати делегација на оддавањето почит на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски. – рече денеска на прес конференција Костадин Костадинов, потпарол на СДСМ и пратеник.

„Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажаа непочит кон државата, кон историјата, кон денот на независноста и кон првите двајцата македонски претседатели.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да сее омраза и да поттикнува насилство.

Последен пример за тоа е палењето на сликите на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Австралија.

ВМРО-ДПМНЕ и нивната реторика се директни поттикнувачи на вакви срамни инциденти“ рече Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега