Касами: Многу луѓе од власта се вмешани во „Рекет“

Лидерот на опозициската партија Дижење Беса, Билал Касами, вели дека многу луѓе од актуелната власт се вмешани во случајот “Рекет“, по што смета тој со темпото со кое се одвива процесот не дава надеж дека ќе има брза разрешница.

Касами ова го истакна во интервју за “Слободен печат“ при што меѓу другото додава дека не се знае и дали до Нова година ќе се покренат обвиненија за “Рекет“.

– За жал, текот на процесот не ни дава надеж дека случајот “Рекет“ ќе има брза разрешница.

И денеска ние имавме друга личност која беше повикана од Јавното обвинителство да сведочи за Рекет. Како што оди процесот, секој ден по еден актeр, а знаеме дека многу луѓе од актуелната власт се вмешани во случајот, по се изгледа дека ќе не стигне и Нова година и не знам дали до тогаш ќе имаме покренато обвиненија, рече лидерот на Движењето Беса, Касами.

Тој исто така повика да се остави Обвинителството слободно да го истражи случајот и што побрзо да покрене обвинение во кое ќе бидат вклучени сите кои се вмешани во рекетирањето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега