ВМРО-ДПМНЕ: Втора година по ред реализацијата на капитални инвестиции е на катастрофално ниво

 

СДСМ и натаму ја лаже и манипулира македонската јавност со квази мерки и политики, кои не придонесуваат буквално ништо за подобрување на животот и животниот стандард на граѓаните, велат од ВМРО- ДПМНЕ во реакција на прес конференцијата на Андреевски.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека СДСМ се фали со наводна реализација на својата програма, а впрочем криминалната власт не може да го реализира ниту предвидениот буџет за годината.

„Втора година по ред реализацијата на капитални инвестиции е на катастрофално ниво, а за првите 8 месеци истата изнесува околу 20 проценти. Во превод власта предводена од СДСМ не работи ништо.

Криминалната банда која раководи со буџетот не само што не ги враќа парите кај граѓаните туку народните пари ги испумпува преку криминални тендери и грантови кои завршуваат на сметките на високи партиски и државни функционери на СДСМ.

Сиромаштијата во државата е во пораст, бројката на граѓани кои денот го поминуваат со еден оброк и живеат во сиромаштија е над половина милион граѓани.

Казната за неработата, неспособноста и криминалот следува набргу, а ќе ја испорачаат граѓаните на следните парламентарни избори“ стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.09.2019 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега