СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека се однесува антидржавнички и деструктивно

ВМРО-ДПМНЕ го извалка големиот државен празник 8 септември - Денот на нeзависноста, пишува во соопштнието од СДСМ.

Од партијата велат дека покрај тоа што немаше партиска делегација да положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски, ВМРО-ДПМНЕ сее омраза и поттикнува насилство.

„Последен пример за тоа е палењето слики на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска на собир во Австралија. ВМРО-ДПМНЕ и нивната заканувачка реторика се директните поттикнувачи на вакви срамни чинови.

Во вчерашниот ден, ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под нивна контрола се обидоа обична фудбалска кавга да ја претворат во националиситички конфликт, што сепак не им успеа.

Со ваквите постапки, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека се однесува антидржавнички и деструктивно. Одново се докажа дека единствената мисија на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е одбрана на криминалот, ширење поделба и омраза и оддалечување на државата од ЕУ и НАТО.

Нема да успеат обидите за создавање вештачки тензии и поделби. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да успеат да ја вратат државата во темното минато на насилство, поделби и изолација. Република Северна Македонија оди напред како едно општество за сите, без разлика колку и тоа да е неприфатливо во белиот дворец“ се вели о соопштението од СДСМ,

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.09.2019 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега