Николов: Филипче си игра со стерилизацијата на хируршките инструменти

Продолжуваат деструктивните процеси во здравствениот систем. Ова го вели Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

       -   Стерилизацијата на хируршките инструменти е клучна алка во медицината. Играта со стерилизацијата може да чини човечки животи. Тендерот за стерилизација е доделен, но никој нема никаква, ама баш никаква информација како мисли министерот за здравство, Венко Филипче да го спроведува јавното приватно партнерство во оваа клучна област од медицината. Направиja физибилити студија, но не ја објавија, ветија состанок со надлежните од фелата неколку месеци пред објавување на одлуката, но таков состанок не се одржа. Во здравствените институции, замислете не е запознаен со начинот на кој што ќе се спроведува јавното приватно партнерство за стерилизацијата, а за вработените воопшто да не зборуваме. Ништо не е познато ниту на јавноста. Толку беше од таа транспарентност. Донесоа сега и одбраа фирма која ќе ја спроведува стерилизацијата! А, ниту одлуката за донесување на стерилизација не е јавна! Значи никој ништо не знае!, вели тој.

          Се поставуваат прашања, министре, како одбравте 4 центри за стерилизација? И тоа два во Скопје, а останатите да бидат во Охрид и Кавадарци? Битола и Штип имаат клинички болници, а центрите за стерилизација ќе бидат во Охрид и Кавадарци. Замислете Охрид ќе ја прави стерилизацијата на Битола, која е логиката да се транспортираат инструментите од Охрид во Битола?! Која е логиката да се транспортираат инструменти од Кавадарци во Штип?

          Не се знае ни кога и како ќе стартува сето ова што вие го нарекувате јавно - приватно партнерство.

          И повторно прашања, кои што јавноста очекува одговор:

          Прво, по која цена и како ќе се нудат услугите? По кој ќе се детерминира цената за стерилизација?

          Второ, кој ќе ја плаќа стерилизацијата на инструментите?

          Трето, велите дека кадарот ќе го преземе приватен партнер, но треба да објасните под кои услови?

          И ова се само дел од работите кои бараат одговор.

        -  Излезете во јавноста, објаснете како ќе функционира ова! Не на мене туку на јавноста и требаат одговори, на граѓаните на кои што им е важна оваа процедура. Или излезете, или напуштете ја функцијата!, бара тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2019 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега