Ford Focus помина повеќе од 1600 километри со еден резервоар
Ford Focus појачан со победничкиот мотор 1.0л EcoBoost помина повеќе од 1600 километри (1000 милји) со само еден резервоар гориво; достигнување кое еко-возачите Кнут Вилтхил и Хенрик Борчгревинк го утврдуваат како нов репер во автомобилизмот.
Дуото од Норвешка, извози 1619 километри (1006 милји) низ Норвешка, Финска и Шведска со стандарден 125 PS Focus 1.0л EcoBoost мотор - и напоменуваат дека просечната потрошувачка на гориво од 3.3л/100км (85mpg) исто така поставува нов репер.
Вилтхил и Борчгревинк велат дека не постојат други официјални рекорди за било кое од двете достигнувања, но се сигурни дека постигнале да постават нов репер во автомобилската индустрија.
„ Вилтхил и Борчгревинк ги подместија границите со тоа што покажаа дека малиот мотор 1.0л EcoBoost е способен и постави нова референтна точка“ изјави Барб Самарџич, потпретседател на Развој на Производи, Форд, Европа. „Ова го потцртува влијанието кое технологијата на Форд моторот EcoBoost го има во секојдневниот живот на нашите клиенти.“
Почнувајќи од 400 километри (250 милји) северно од Арктичкиот Круг во Котокеино, Вилтхил и Борчгревинк поминаа 28 часа во текот на два дена пред конечно автомобилот да остане без гориво во Осло, Норвешка. Возачите ја максимизираа ефикасноста со возење наоколу со 60км/час (38 mph) и избегнаа кочење таму каде што беше возможно, или користење на клима уредот - иако температурите вариваа од 22°C до замрзнување. Патувањето беше надгледувано од страна на норвешката полиција.
„Моравме да кочиме кога имаше елени на патот, но во поголем дел од патувањето возевме колку што можевме поефикасно“ изјави Вилтил. „Неверојатниот мотор 1.0л EcoBoost е главната причина зошто го одбравме Focus и се докажа како светски шампион.“
Доволно мал за да го собере во кабинскиот багажен простор на авион, 1.0л EcoBoost моторот на Форд кој е прогласен за Меѓународен Мотор за 2013 и 2012 година, нуди комбинација од директно вбризгување на горивото, турбо-полнење и варијабилно темпирање на вентили кое ја намалува потрошувачката на гориво без да ја жртвува моќта на автомобилот. Ford Focus 1.0л EcoBoost нуди номинална ефикасност на горивото од 5.0л/100км (56.5 mpg), а Ford нуди и 100 PS верзија на овој автомобил со 4.7л/100км (60 mpg) и 109 г/км. Наредната година Ford ќе лансира нова верзија на Ford Focus 1.0 литарски EcoBoost кој ќе биде првиот не-хибриден автомобил на бензин во Европа, кој ќе нуди 99 г/км емисија на CO2