Момче и девојче на Ургентен по крвавата тепачка во Аеродром

 

Како што веќе објавивме, вчера околу 19 часот, на скопскиот булевар „Трета македонска бригада“ настанала масовна тепачка меѓу ученици од средното хемиско „Марија Кири-Склодовска" и државно училиште за железнички и ПТТ сообраќај „Владо Тасевски“.

Според најновите информации, во тепачката биле повредени В.К. 16-годишен ученик и Р.К 17-годишна ученичка, и двајцата од Скопје. Од полицијата велат дека двајца 16 годишници се повикани на разговор, а идентификувани се и неколку лица кои учествувале во тепачката.

Како што информираа од МВР, вчера околу 19:10 по завршување на наставата група ученици од ДСУ Владо Тасевски (ПТТ) движејќи се од едната страна и друга група ученици од ДСУ Марија Кири (Хемиско) движејќи се од другата страна на улицата започнале едни кон други да фрлаат со разни предмети, без да имаат непосреден контакт. Полицијата информира дека и двете групи биле од мешан етнички состав.

Полицијата работи на расчистување на случајот. 

10.10.2013 - 09:23

најчитано сега