Јанчев се сретна со Амбасадорот на Бугарија, Ангелов

Градоначалникот на Кавадарци, денес во работна посета го прими Амбасадорот на Бугарија неговата екселенција Ангел Ангелов.

-Во протоколарниот дел Јанчев го запозна високиот гостин со културно историските традиции на општината и градот. На средбата беа опфатени прашања во врска со билатералната соработка меѓу двете земји, како и разменети мислења и видувања за нејзино натамошно унапредување со посебен нагласок на развојот и унапредувањето на соработката на локално Општинско ниво. Градоначалникот Јанчев го запозна гостинот и со економските капацитети на општината, каде има простор и потенцијал за унапредување на соработката. Обострана беше оценката за видливиот напредок во развојот на меѓусебните односи каде централно место има имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка како добра основа. Соговорниците ја реафирмира посветеноста на двете држави на добрососедската политика, како и соработката во рамки на меѓународните институции и регионалните иницијативи, напиша Јанчев на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2019 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега