ВМРО-ДПМНЕ: Животот што го ветуваше Заев дојде за него и за неговите криминални соработници

Заев и СДСМ откако се на власт економијата е во постојан пад, стои во ракција од ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата велат дека единствено задолжувањата рапидно растат. Нивото на јавниот долг во историјата на Република Македонија прв пат достигнува 5 милијарди евра.

„Нивото на странските инвестиции е во очајна состојба за вториот квартал достигнува едвај 6 милиони евра.

Но затоа нивото на сиромаштија се зголемува, со што во Македонија во моментов има околу 500.000 сиромашни граѓани кои живеат на работ на егзистенцијата.

Животот што го ветуваше Заев дојде за него и за неговите криминални соработници, а граѓаните добија крпен живот.

Потребни се итни предвремени парламентарни избори за обнова на Македонија“ се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2019 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега