Зеколи: Заев, не паламуди, туку објасни дали со Биг Мајк се имаш сретнато како премиер или како приватен директор на марихуана-трејд

Не стивнуваат реакциите во јавноста по средбата на премиерот Зоран Заев, со американскиот бизнисмен, кој произведува марихуана за медицинска и рекреативна намена, познат како Биг Мајк.

За оваа средба јавноста дозна преку фотографиите кои Биг Мајк ги објави на Инстаграм, а во врска со ова се огласи и политичкиот аналитичар Арсим Зеколи:

-Премиере, не паламуди. Туку објасни дали со Биг Мајк се имаш сретнато како премиер (во службени) простории или како приватен директор на марихуана-трејд? И што барал Богадновиќ на средбата? - напиша Зеколи на Твитер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега