Ѓорчев: Ако гласате за министер од „Мавровски работници“, тогаш затворените од 27-ми април треба да си одат дома

Треба да има амнестија за 27-ми април и луѓето од затворите да си одат дома, порача вчера од собраниската говорница Влатко Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Пратеници од СДСМ, ќе гласате за лице амнестирано во „Мавровски работници” да биде министер, а десетици луѓе се во затвори осудени на 250 години. Да си одат дома кај своите семејства. Слобода, порача Ѓорчев.

Инаку, новиот министер без ресор Хисен Џемаили е обвинет во случајот „Малтретирани градежни работници од Маврово“.

Џемаили кој во конфликтот во 2001 година беше во редовите на ОНА, ќе остане запаметен и како обвинет во еден од четирите Хашки предмети и како еден од пратениците на кој му беше одземен имунитетот. Тој беше обвинет за Хашкиот предмет „Малтретирани градежни работници од Маврово“.

Тогаш по Џемаили беше распишана потерница бидејќи два месеца не се појавуваше ниту во Собранието ниту во суд.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега