ВМРО- ДПМНЕ: СДСМ се заглавени и се подолу тонат со обидите да ги амнестираат криминалот и високата корупција

СДСМ се заглавени и се подолу тонат со обидите да ги амнестираат криминалот и високата корупција. Тоа е единственото на кое се посветени и за тоа ја жртвуваат иднината на државата, велат од ВМРО- ДПМНЕ во реакција на прес конференцијата 

Во реакцијата од ВМРО- ДПМНЕ велат дека ниту правда ниту интеграции ќе има со селективноста на правдата која што ја водат преку “пупка судството” и прислушуваното ЈО на Зора Заев.

„Изворот на лажни вести во насока на криење на корупцијата е токму власта на главата на криминалниот октопод

Тоа се вестите за Блескање, за Датум за преговори, за Раст на пензии, за Раст на економија, лажните вести За Живот.

Транспарентноста која е главна во флоскулите на оваа крими-власт бега од одговори за тоа каде се парите од Рекет и каде завршува торбата пари, одговори за Драги Рашковски и криминогениот тендер за Леонардо, спогодбата на Анѓушев вицепремиерот со Анѓушев бизнисменот?

Транспарентноста молчи пред прашања каде се 500 евра просечна плата, земјоделски мерки кон потребите на земјоделците, 600 км автопатишта и другите лаги кои ги сее власта.

Врвот на недемократското владеење се обидите за замолкнување на медиумите, тужени и повикуваат новинари во полиции заради информации од јавен интерес.

Сета влада е лажна вест и тоне во криминал и затоа бега од избори. Едно е сигурно, следат избори и потоа обнова на Република Македонија во која секој што се огрешил и учествувал во криминал ќе одговара пред независни правосудни органи“ стои во реакцијата.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2019 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега