Јанушев: Заев не разбира што е одговорност зошто, нели, само за него “рибата смрди од опашката”

Зоран Заев и криминално-рекетарската банда од СДСМ тврдат дека платите растат, пензиите се покачуваат, се гради како никогаш до сега, образованието и здравството целосно реформирани, безбедноста на највисоко ниво … со еден збор “блескаме”! Или можеби премиерот како што тој самиот би рекол “паламуди”? – коментира генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

„Од друга страна, гледаме најава од СОНК за синдикална борба за подобрување на нивниот социо-економски статус и тоа со штрајк со што почетокот на учебната година е ставена под знак прашалник. Поддршка за ова веќе добија од КСС и САДУ.

Истовремено, вработените во Македонски пошти бараат зголемување на платите, решение за лошите услови за работа и недостигот на основни средства за работа (облека, велосипеди, моеди, компјутерска опрема, како и санација на објектите).

Исто така, Независниот синдикат на полицијата обвинува дека високи функционери на МВР вршат мобинг, се одмаздуваат и жестоко ги напаѓаат членовите на синдикатот!

Заев не разбира што е одговорност, зошто нели само за него “рибата смрди од опашката”?!?

А овие лекции ги нема ниту на неговото “е-бај”.

Повеќе од очигледно е што е “fake news”, а што “гола” реалност!

Почнува да “врие” …“, пишува Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.08.2019 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега