Мицкоски: Ако власта се надева на ново Пржино и реприза на ослабено ВМРО, тој филм нема да го гледаат

Оваа влада е најголемиот непријател на правдата. Затоа толку грчевито се бори за да ги задржи привилегиите и инсталациите во обвинителството. Така еднаш Заев ќе се пофали дека имал 2/3тини за законот за обвинителство, па кога ќе види дека нема, тогаш министерката ќе каже еве ќе го менуваме советот на јавни обвинители, зошто таму не ни требаат 2/3тини, изјави вечерва од Штип Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски власта сама си ги кажува задните намери кои имаат две цели.

„Првата политички да се пресметаат преку инсталациите во обвинителството со политичките неистомисленици и второ, да си го заштитат криминалот преку злоупотреба на судско обвинителскиот систем. Е така не може. Тоа нема да помине.“

-И ако се надеваат на некакво ново пржино, некаков нов договор на кој ќе се повтори реприза на ослабено ВМРО кое ќе потпишува се и сешто, надополнето со по некој Преторијанец, треба да знаат дека тој филм нема да го гледаат. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ и јас како негов претседател вам и на сите низ Македонија им ветувам правда, а за правдата не планирам компромис. Секој оној што се огрешил пред законите, нема милост ќе одговарате, потенцираше Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега