Мицкоски: Состојбата во земјата е алармантна, а народот гладен и истоштен

Кога секој од вас ќе ги слушне оние фалби на власта вобичаено дадени од удобните кабинети на владата или министерствата, ќе чуе дека ова било економска година, дека сме биле лидери во напредокот, иако не кажуваат во што, дека платите ќе растеле, пензиите оделе нагоре, земјоделците биле среќни, инвестиции имало скоро секој ден, а некогаш и по две дневно, секој од вас знае, дека сето ова го има само во розевите очила на Зоран Заев, а во реалноста нема ништо од ова, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Штип/

-Во изминативе три дена поминав илјада километри низ нашата земја, се видов со стотици наши сограѓани, и ќе ви кажам еден личен впечаток. Состојбата е алармантна, а народот гладен и истоштен. Разочаран. Разочарувањата доаѓаат зошто сепак нашиот народ имаше надеж, надеж која сега е изневерена. Не сретнав среќно лице, задоволен човек. Нема ниту едно задоволно лице, а тоа е така зошто реалноста е сурова. Затоа што сиромаштијата е голема, подвлече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега