Заев: 20 години државата ве плаќа да паламудите и да мешетарите

Премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница во одбрана на предлогот за министерка за финансии Нина Ангеловска откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев од неа побара да одговори дали е точно дека вработените во нејзините фирми се пријавени на 12-15 илјади денари, додека таа зема плата од 70-80 илјади денари.

-Држите некои предавања тука, 20 години државата ве плаќа да паламудите тука и да мешетарите и да испорачувате малверзации. Имате човек за 8 години засукал ркавите, даваплати. Дава плати! А вие две децении чекате плати од државата за да можете да држите овде неки лекции демотивирачки за сите други млади луѓе во државата, му врати Заев на Ѓорчев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега