Колевски: „Рекет“ фрла црна дамка врз целата јавнообвинителската функција

Обвинителот Ацо Колевски е избран за претседател на Советот на јавни обвинители. Колевски бил единствен пријавен кандидат и е избран едногласно.

„Советот ги носи одлуките со мнозинство гласови, така што, доколку ова прашање се постави во работата на Советот, јас ќе го изнесам на седница за да го слушнам мислењето на секој од членовите и евентуално заедно да донесеме некоја одлука доколку сметаме дека има потреба. Не би можел да кажам мој став, бидејќи би го прејудицирал мислењето или одлуката која би ја донел Советот во однос на тоа прашање, рече Колевски.

Новоизбраниот претседател на Советот на јавни обвинители оцени дека случајот „Рекет“ во кој осомничена е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, фрла дамка врз целата јавнообвинителска функција.

„Верувам дека колегите преземаат се што е во нивна моќ и во нивна надлежност да го расветлат овој случај кој морам да признам дека фрла темна дамка врз целата јавнообвинителската функција, изјави Колевски, одговарајќи на новинарски прашања по неговото именување на фунцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега