Ѓорчев: Дали идната министерка за финансии на своите вработени им исплаќа плата на рака

 На попладневното продолжение на 110-тата седница пратениците од власта и опозицијата дебатираат за предлозите за нови членови на Владата, а во фокусот на расправата е предлогот нов министер за финансии да биде 31-годишната Нина Ангеловска, основачка на Групер.мк.

Ја обвини дека на своите вработени им давала минимални плати и бараше да одговори дали дел од платата им ја давала на рака. Бараше и да објави список на вработени во својата приватна компанија и колку плата зема секој од нив.

– Дали идната министерка исплаќа плата на рака. Ако е така, не е морално. Успешна приказна ни се продава за фирма во која се делат плати од 12.000 до 14.000 денари за да се плаќаат помалку придонеси. Од друга страна, гледаме дека бизнис-условите поред неколку години и не биле така лоши за време на режимот,  рече Ѓорчев.

Ја повика Ангеловска на прес-конференција да каже како за еден месец треба да го прави буџетот за 2020 година и праша дали ги знае имињата на луѓето со кои ќе соработува, вклучително и на заменик-министерката за финансии.

– Ангеловска може да биде добар заменик-директор во Фондот за иновации, не за министер. Нина Ангеловска е добар менаџер но апсолутно не е спремна да го води Министерството за финансии, рече Ѓорчев.

На оваа седница Ангеловска нема право да одговара на пратенички прашања и тоа го прави претседателот на Владата како нејзин предлагач. Заев  им порача на опозициските пратеници да се воздржат од интриги со кои го валкаат и дискредитираат професионалниот бекграунд на Ангеловска.

-Имате успешен млад човек, а вие со леснотија и од старт ја уништувате како личност. Кажувате негативен пример само за политички цели затоа што не е од ВМРО-ДПМНЕ. Разбирам различни ставови и критики, но ваков наратив не може да ја подобри состојбата на државата, рече Заев реплицирајќи му на Ѓорчев. Во нејзино име премиерот одговори дека Ангеловска е упатена во ставките за ребалансот на буџетот кој, рече, во понеделник или вторник ќе биде на седница на Влада и потоа доставен до Собранието.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега