ВМРО-ДПМНЕ: Лесно им е на СДСМ парите од рекет да ги трошат на нарачани анкети

Само на предвремени парламентарни избори Заев може да добие најточна потврда за тоа што мислат граѓаните за него и за СДСМ, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со резултатите од анкетата што за потребите на владејачката партија беше реализирана од страна на „Тим институт“.

Според оваа анкета, за коалицијата предводена од СДСМ би гласале 24,4 од испитаниците, додека за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,1 отсто.

Меѓутоа, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека владејачката партија паднала многу ниско со купување на лажирани резултати.

„Лесно е да се трошат пари добиени од рекет на нарачани анкети, но подобро и за вас и за Македонија е да добиете вистинска слика за тоа што мислат граѓаните за катастрофата што им се случува овие три години“, се наведува во партиското соопштение во кое се повикува на предвремени избори.

Од опозициската партија подвлекуваат дека доколку СДСМ се сигурни во бројките кои, како што велат, сами си ги штелувале до сега парламентарните избори ќе биле веќе распишани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега