СДСМ спроведе анкета: Ние сме партија во која граѓаните имаат најголема доверба

СДСМ преку соопштение испрати резултати од спроведено теренско истражување на јавното мислење од страна на Тим институт, реализирано за потребите на СДСМ.

Од партијата велат дека опцијата и политиките што ги застапува и релизира СДСМ имаат најголема поддршка меѓу граѓаните.

„На прашањето за кого би гласале, за коалицијата предводена од СДСМ би гласале 24,1 од испитаниците, додека за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21.1 од испитаниците.

Во однос на главните приоритети, истражувањето покажа дека на граѓаните важни им се економија, правда, корупција, здравство.

Токму затоа како одговорна партија, работиме и зборуваме за економија, затоа се бориме за правда и борба против криминалот.

Високата поддршка на граѓаните за влез во ЕУ и НАТО го потврдува нашиот стратешки приоритет за интеграција во најмоќните светски сојузи.

Граѓаните ја препознаваат нашата борба и посветеност за право и правна држава со функционални институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата.

Кога и да има изброи, СДСМ би победила, но добро е за државата, за економијата и граѓаните, мандатот да биде завршен до крај.

Како одговорна партија, остануваме со граѓаните, продолжуваме со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст, реформи во институциите, градење неселективен правен систем и целосна интеграција на државата во ЕУ и НАТО“ велат од СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2019 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега