Мицкоски: Блеска само маката на луѓето

Луѓето се толку разочарани, што дури и се закануваат со радикални чекори, а тоа е воопшто да не ги посадат нивите и полињата истите да останат непосадени, рече Мицкоски во вестите на Алфа.

-Јас би заклучил на крај од оваа средба, дека ВМРО-ДПМНЕ е заедно со земјоделците и нивни маки  и ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе ја поддржува земјоделската политика, како што тоа беше во минатото, така ќе биде и во иднината, истакна Мицкоски.

Она што сакам да го кажам е дека треба да се провериме дали блескаме, дали навистина блеска Зоран Заев, или пак блеска само маката на земјоделците и граѓаните на Република Македонија, наспроти целокупниот јад и чемер кој што владее во нашата држава, рече Мицкоски.

-Единствен начин да провериме дали блеска Зоран Заев и неговите политики или ова што ние денес го говориме е веднаш да се охрабрат Зоран Заев и групата околу него, да организираат предвремени парламентарни избори па да го слушнеме одговорот на народот, потенцираше Мицкоски.

Оризарите денес со нас ја споделија нивната мака, разговаравме за проблемите со кои се соочуваат, оние реалните проблеми, не оние замислените кои што ги слушаме од устата на премиерот и устата на министерот за земјоделие, изјави Мицкоски во вестите на Алфа.

-Оризопроизводителите се пожалија на сите неисполнети ветувања, се пожалија на сето она со кое се соочуваат , а преставува голем и акутен проблем во нивното работење. Тука пред се ги посочија оние ветувања што беа давани за предвремените парламентарни избори во 2016 година и 2017 година, рече Мицкоски.

Ти ја споменаа сеуште неисплатената поддршка од минатата година која им беше ветена, додаде Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ овој проблем го поставу како пратеничко прашање, а од власта повторно излажаа.

-Сега ги лажат луѓето дека наводно со ребалансот на буџетот истата таа мерка ќе била исплатена, но и во тоа не веруваат, бидејќи навистина тие средства им беа потребни тогаш кога им беа потребни, истакна Мицкоски.

 

Проблемите на земјоделците се множат а оваа влада не превзема ништо околу тоа, подвлече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 22:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега