СДСМ: ВМРО цели 11 години го уништуваа достоинството на земјоделците

 
ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години го уништуваше земјоделството и го погази достоинството на земјоделците. Ова денеска го велат од СДСМ.
 
 
- Времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ се карактеризира со огромни долгови кон земјоделците и неисплатени субвенции. Официјалните податоци на Платежната агенција се доказ дека до денес се исплатени околу 305 милиони евра за субвенции од кои дел се заостанати и неплатени долгови од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во 2013,2014,2015 и 2016 година. Исто така, официјалните податоци потврдуваат дека исплатени се дополнителни 106 милиони денари за дополнителна субвенцијаа од 3 денари по килограм за продадено јаболко во преработувачките и откупните центри. Воедно, минатата година е забележан значителен пораст на извозот на клучните извозно-ориентирани земјоделски производи и на откупните цени на сезонското овошје и зеленчук, а повисоките откупни цени значат повеќе пари за понкурентно земјоделство и повеќе пари во семејните буџети на земјоделците, велат СДСМ.
 
 
Додека за 11 години, ВМРО-ДПМНЕ ги уценуваше земјоделците и вршеше закани и притисоци, Владата предводена од СДСМ продолжува со вистински аграрни политики кои носат реални придобивки за земјоделците. Денес, трудот на земјоделецот се вреднува, постојано се зголемува побарувачката, како на домашниот така и на странските пазари. Грижата за земјоделците продолжува. Зборот важи!
 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.08.2019 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа