Јапонска диета која ќе ви помогне да се ослободите од големиот стомак - за 14 дена 7 килограми помалку

Во текот на оваа двонеделна диета може да сметате на губиток до 7 кг. Првите 2 – 3 дена се малку потешки, но потоа се оди прилично добро. Може да се спроведува во било кој период на годината затоа што намирниците вклучени во оваа диета се достапни цела година.

Диетата има два циклуса односно секој ден се повторува после одреден период – во заградата може да видите кој ден.

Прв ден (13 ден)

Појадок: црно кафе

Ручек: 2 тврдо варени јајаца, салата од варена зелка со растително масло, чаша сок од домати без сол

Вечера: риба на скара или варена.

Втор ден (11 ден )

Појадок: црно кафе, парче црн леб

Ручек: риба на скара или варена, салата од зеленчук со растително масло

Вечера: 200 гр варено говедско месо, чаша јогурт

Трет ден (8 ден)

Појадок: црно кафе, двопек (од црн леб)

Ручек: голема печена тиквичка, јаболко

Вечера: 2 тврдо варени јајаца, 200 гр говедско варено, салата со свежа зелка со растително масло.

Четврти ден (9 ден)

Појадок: црно кафе

Ручек: 1 меко варено јајце, 3 големи варени моркови со растително масло,15 грама тврдо сирење

Вечера: овошје

Петти ден (10 ден)

Појадок: свеж морков со сок од лимон

Ручек: голема варена или печена риба, чаша сок од домати без сол.

Вечера: овошје

Шести ден (14 ден)

Појадок: црно кафе

Ручек: половина варено пиле, салата од варена зелка и моркови со растително масло

Вечера: 2 варени јајца, салата од зеленчук

Седми ден (12 ден)

Појадок: чај без шеќер

Ручек: 200 гр варено говедско,о вошје

Вечера: изберете вечера од било кој ден освен од третиот

Додатни напомени :

– строго да се почитуваат зададените количини

– количината на салата не е ограничена, но количината на масло не смее да надминува 1 супена лажица

– задолжиелна е лесна прошетка барем 30 минути дневно

– 1 литар малку газирана вода со сок од еден лимон да се испие во текот на денот (најдобро кога ќе почувствувате глад а не е време за оброк).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега