И службеник од УЈП падна во акцијата Машинопромет - еве кој е приведен

 

Меѓу осомничените се неколку лица членови на Управниот одбор на АД „Машинопромет“, меѓу кои Трпче Трпчевски, Стојан Момировски, Ванчо Димитровски, Вера Видинова, Елена Јанева Димова од УЈП, Сузана Пашоска и Миле Клинчаров. Од фирмата „Интеркомерц“ и „Ин-ком“ од Штип приведени се Слободанчо Георгиев и Сузана Георгиева, од „Би- Метали“ Штип Стојанчо Костадинов и од „Сиком“ Скопје Ненад Шиповиќ.

МВР иноформира дека спротивно на законите осомничените дел од Управниот одбор на Машинопромет, ја злоупотребиле положбата и носеле одлуки за отуѓување на имотот, под пазарната вредност со што практично ги оштетиле и доверителите и буџетот и овозможиле други приватни фирми да се стекнат со противправна имотна корист.
Останатиете за кои што МВР поседува инфорамции се товарат за помагање во врска со истото кривично дело. 

Од МВР информираат дека полициската кација се уште е во тек и дека претсресите се уште траат. Дел од приведените се во полициска станица и со нив се вршат службени разговори.  Во текот на утрешниот ден МВР најави дека ќе биде подготвена кривичната пријава и осомничените ќе бидат изведени пред Истражен суд.

Полицијата потврди дека Шиповиќ е првоосмничен во овој случај

09.10.2013 - 16:04

најчитано сега