Се напил па и се заканувал со нож - малолетничка од Штип преживеала хорор

 

Вчера млада штипјанка преживеала вистински хорор откако нејзин сограѓанин се напил па започнал да и се заканува по животот со нож. 

Настанот се случил околу 22 часот и 30 минути на улицата Партизанска во Штип кога 22-годишниот А.А. без никаква причина откако се довел под дејство на алкохол, започнал најпрво вербално да и се заканува на 17-годишната А.П. а потоа земал кујнски нож и со него и се заканувал по животот. Исплашената штипјанка успеала по краткпо време да избега од местото на настанот.

А.А. бил веднаш приведен и од извршеното алкотестирање утврдено е дека имал 1,70 промили алкохол во крвта. 

09.10.2013 - 11:40
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега