Им „падна“ хероинот на Табановце

 

Царинските служби вчера заплениле 5,5 килограми хероин на граничниот премин Табановце скриени во автомобил кој се обидувал да ја напушти земјава.

Во 18:20 часот за излез од Македонија се пријавило патничко моторно возило марка Rover 75 со албански регистарски ознаки управувано од албански државјанин, а како совозач во возилото било присутно уште едно лице  кое поседува албанско и грчко државјанство.

На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска конторла, одговориле негативно по што е пристапено кон детална контрола на возилото.

„При контролата со помош на фиберскоп на предната маска во левиот отвор од вентилацијата утврдено е дека каналите од вентилацијата и просторот кај сигурносното перниче (airbag) се преправани што веднаш даде индикации за можна сокриена стока во овој простор. По вклучување на вентилацијата забележано е дека на левата страна  пропушта помалку воздух. Во просторот на сигурносното перниче во фабричка шуплина специјално прилагодена за криење на стока пронајдени се 11 пакувања обвиткани со самолеплива трака наполенти со непозната кафеава прашкаста материја со вкупна тежина од околу 5,5 килограми“ - велат од македонската Царина.

09.10.2013 - 11:46

најчитано сега