Пронајден мобилен телефон во Гранит кој треба да ја даде вистината за трагедијата
Во текот на истрагата за пожарот кој вчера попладне избувна најпрво во ресторантскиот дел на хотелот Гранит на Попова Шапка, а потоа се прошири и во целиот објект, е пронајден мобилен телефон во сопственост на 49-годишен жител од тетовската населба Мала Речица.
Според податоците од полицијата, хотелот бил затворен за гости со што струјата веќе неколку денови била исклучена, па се смета дека дефект во електрична инсталација не е причина за избувнувањето на пожарот.
Инаку, за жал во пожарот кој вчера избувна во хотелот засега непознато лице го загуби животот.
Полицијата не ја отфрла можноста пожарот да бил подметнат и да се работи за убиство.
09.10.2013 - 10:41
Фото:
Курир