Инцидент во гостиварско - татко и син претепале инкасант на ЕВН

 

 

Вработен во ЕВН бил претепан од татко и син во Гостивар. Како што пренесува МИА, се работи за 56-годишен инкасант на ЕВН кој влегол во дворот од куќата на гостиварчанецот А.Н. во Долна Бањица, но во моментот кога сакал да ги отчита податоците од електрично броило бил нападнат од гостиварчанецот и неговите синови.

Најпрво започнала вербална расправија помеѓу инкасантот и гостиварчаните, а потоа расправијата во еден момент кулминирала кога тие со тупаници и клоци започнале да го удираат вработениот во ЕВН по телото. 

Случајот бил веднаш пријавен во полиција.

09.10.2013 - 09:43

најчитано сега