Сите знаеме колку е здрав лукот - но, овие 5 групи луѓе не смеат да го јадат, може да биде кобно

Лукот е една од најздравите намирници чии чудесни лековити својства се неверојатен благослов за здравјето.

Луѓето го користат за лекување на многу здравствени тегоби.

Но, покрај сите лековити својства овие 5 групи на луѓе не смеат да го конзумираат:

Пациенти пред операција

Доколку треба да одите на операција препорачливо е да не конзумирате лук најмалку 2 недели пред хируршкиот зафат, за да не се продолжи крварењето.

Лица со низок притисок

Оваа чудесна намирница го намалува крвниот притисок, па ако страдате од низок притисок можете себеси да си нанесете повеќе штета отколку корист со негово конзумирање.

Луѓе кои имаат хепатит

Иако лукот има антибактериско и антивирусно својство и може да ги убие бактериите и вирусите, не треба да се користи во спречување на вирусот хепатит.

Имено, некои својства во лукот може да предизвикаат стимулација во желудникот и цревата, што може да инхибира секреција на дигестивниот сок во дигестивниот тракт. На тој начин влијае врз варењето на храната и ги влошува симптомите на хепатит, особено мачнините.

Лица кои имаат очни болести

Пациентите кои боледуваат од очни болести, особено со лошо здравје, да избегнуваат лук.

Традиционалната кинеска медицина промовира дека редовното конзумирање на лук во големи количини подолг временски период може да ги оштети црниот дроб и очите, но исто така може да предизвика губење на помнењето, зуење во ушите и други здравствени проблеми.

Луѓе кои имаат дијареа

Пациентите кои патат од дијареа треба да избегнуваат лук затоа што неговиот состав може да ги стимулира цревата и да доведе до хронично воспаление и влошување на состојбата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2019 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега