Вардар со втор тим не дозволи изненадување од Нексе во Скопје

 

Македонскиот ракометен шампион Вардар ја забележа четвртата победа во СЕХА лигата, откако вечерва беше поуспешен од Нексе (Хрватска) со 29:27. „Вардарци“ по оваа победа избија на првото место на табелата во регионалната СЕХА лига.

Натпреварот беше изедначен во текот на сите 60 минути со голем број изедначувања. Вардар највисокото водство од три голови го имаше во 50.минута кога резултатот беше 26:23.

Домашниот тим беше предводен од Андон Бошковски, а неколку стандардни ракометари одмораа за дуелот од Лигата на шампионите против ПСЖ.

Најефикасен кај Вардар беше Филип Лазаров со 7 голови, Лука Раковиќ и Добривоје Марковиќ постигнаа по 5.

Кај гостите од Нашице најпрецизен беше Игор Вујиќ со 7 голови, додека голманот Перица Лелиќ имаше 18 одбрани.

На вториот натпревар од 6.коло денеска Војводина го победи Ловќен со 30:23.

Утре се игра натпреварот Металург – Партизан, а в четврток играат Татран Прешов и Борац Бања Лука.

Табела: Вардар 13 бодови, Татран Прешов 12, Загреб КО 9, Војводина 9, Металург 8, Нексе 7, Мешков Брест 6, Ловќен 3, Партизан 3, Борац 3.

08.10.2013 - 23:04

најчитано сега