Не може да погрешите: Како да ја вистинската лубеница

За почеток тргнете ја од глава мислата дека мора да ја одберете онаа која изгледа најубаво а во понатамошниот текст прочитајте неколку совети за тоа како да ја одберете вистинската лубеница.

Жолта дамка

Ако на лубеницата приметувате светло жолта дамка, тогаш тоа е знак дека таа растела на земја и дека е зрела за јадење. Оние лубеници кој имаат бела наместо жолта дамка , веројатно не се најслатки во понудата.

Обрнете внимание на големината

Најдобро е да одберете лубеница со средна големина. Ниту преголема, ниту премала.

Подигнете ја

Лубеницата треба да тежи повеќе од тоа што го очекувате за нејзината големина.

Удирајте по кората

Удирајте по кората на лубеницата, зрелите лубеници имаат длабок у шуплив звук. Таквиот звук настанува кога лубеницата е полна со вода, што значи дека е зрела.

Машка и женска лубеница

 

Многумина не знаат дека лубениците можат да бидат машки или женски. Машките се поголеми, издолжени и со воден вкус. Женските се заоблени и многу слатки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.07.2019 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега