ВМРО-ДПМНЕ за „метлата“ на Заев: Ова е шминка и театар пред јавноста

По најавата за смена на стотина директори од страна на премиерот Зоран Заев, Благица Ласовска Претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање одговори дека ова е само шминка и театар пред јавноста.

-Одлуката на премиерот и на владата за реконструкција на владата која што патем речено не беше реконструкција туку беше театар исто така и овие смени во вториот и во третиот ешалон ги коментираме како шминка и како театар пред јавноста, да се замаја јавноста. Ништо повеќе од тоа, изјави Ласовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега