Куманово: Паднала од 4 спрат и починала
75 годишна жена попладнево починала откако паднала од терасата на сопствениот стан. Како што дознава Press24 од полициски извори, до несреќата дошло денеска околу 13:30 часот. 75 годишната Мирјана Р. од се уште неутврдени причини паднала од всвојот стан лоциран во зградата број 17 на улицата Октомвриска револуција на 4 спрат. Полицијата веднаш извршила увид и според првичините информации, на телото на жената не биле забележани траги на насилство.
Полицијата и официјално го потврди случајот
07.10.2013 - 20:58