СДСМ: Сведоци сме на последиците од изобличувањето на Охрид кое се должи на деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Денес сме сведоци на последиците од изобличувањето на Охрид и охридскиот регион кое должи на деструктивните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата во чие владеење се дозволи илегалните градби во заштитениот појас на Охрид и охридскиот регион да бидат легализирани и тоа за само едно евро за метар квадратен. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше препораките на УНЕСКО и се фокусираше на криминал и злоупотреби на Охрид. Токму, ВМРО –ДПМНЕ ја потценува интелегенцијата на граѓаните. Охриѓани многу добро се сеќаваат на плановите на ВМРО –ДПМНЕ за градењето на аеродром на вода, ски-жичарница на Галичица како и проектите на Субрата Рој со луксузните ресорти на самиот брег на Охридското езеро. Граѓаните се сведоци и на целосното разобличување на ликот на Плаошник. Наспроти тоа, денес Владата преводена од СДСМ со сите сили се бори да го заштити културното и природно наследство на Охрид и цели кон спроведување на препораките на УНЕСКО“, стои во реакцијата на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега