ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е промотор и заштитник на криминалот

Зоран Заев е промотор и заштитник на криминалот. Зоран Заев е глава на октоподот. Единствениот три пати аболициран политичар во Европа до вчера ја форсираше и штитеше Катица Јанева која ги извршуваше неговите нарачки за пресметка до неистомислениците, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ  за изјавата на премиерот Зоран Заев. 

„Очекуваме истрагата да утврди дали Зоран Заев учествувал во таргетирањето, рекетирањето и прикривањето на изнудите врз бизнисмените и колкав процент од рекетот има земено.

Дали е ова причината што се крие идентитетот на Кики и Фрики и истите во моментов се изземени од истрагата? Што знаат Кики и Фрики за криминалите на Заев па тој не сака да ги открие своите високи функционери и соработници.

Ако постои правна држава ќе се докаже вмешаноста на врхушката на СДСМ во скандалот што ја потресе Република Македонија.

Обвинителството доколку не е во рацете на власта ќе постапи во името на правото и правдата.

Самите материјали кои ги поседува обвинителството ќе дадат одговор кои се се замешани во оваа афера.

ВМРО-ДПМНЕ останува фокусирана на реформите  бидејќи реформите се важни за Република Македонија.

Истовремено ВМРО-ДПМНЕ бара одржување на предвремени парламентарни избори во име на демократијата и во име на правдата.

Време е да се стави крај на вакви корумпирани луѓе за да можеме да продолжиме да се градиме како држава која ќе нуди иднина за секој граѓанин“, се вели во реакцијата на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега