СДСМ: Оваа Влада вистински се грижи за земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ  се уште неможе  да се помири  со фактот дека оваа Влада предводена од СДСМ вистински се грижи за земјоделците, велат од СДСМ во реакцијата на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Времето на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено како погубно за земјоделскиот сектор, неисплатени субвенции, лаги ,  закани, уцени  и притисоци.

Наспроти таквите деструктивни политики, денес преку мерките кои ги спроведува ресорното Министерство и политиките на владата предводена од СДСМ, се намалуваат трошоците на земјоделецот и се повеќе пари завршуваат во нивниот семеен буџет.

СДСМ не ги дели земјоделците по партиска линија и не прави селекција на подобни и неподобни земјоделци како што тоа се правеше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес имаме навремена и неселективна исплата на субвенциите по тековните Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Со мерката "зелена" нафта 200 милиони денари се враќаат кај 55 илјади земјоделци кои се регистрирани за обработка на градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади и поседуваат обработливо земјиште, а воедно  поднеле единствено барање за субвенции по Програмата за директни плаќања 2018.

Утврдување на трошоците и процентот за кофинансирање за секоја култура поединечно беше направена од посебен експертски тим во коишто беа вклучени и земјоделци.

Истовремено, од почетокот на мандатот јуни 2017 година се исплаќаа и заостанати долгови за субвенции од 2013, 2014 и 2015 година од времето на ВМРО ДПМНЕ.

Зборот важи!

СДСМ и надлежното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство остануваат посветени на грижата за земјоделците преку мерките со кои се намалуваат производствените трошоци и се   обезбедуваат повеќе пари за секој земјоделец“, стои во реакцијата на СДСМ .

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега