ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ќе дојде на лидерска - Спас се предвремени избори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува на својот став дека на Лидерската средба која ја најави премиерот Зоран Заев за во петок, ќе дојдат само за да се разговара за предвремени парламентарни избори. Како што информираше портпаролот на партијата, Димче Арсовски, спасот за државата се само нови избори.

- Заев е исплашен од соочување со граѓаните и свесен е дека на следните избори ќе доживее тежок пораз и ќе мора да се соочи со законот, изјави владиниот портпарол.

Вели дека опозицијата ќе го чека епилогот од најавената Лидерска, а доколку нема услови за предвремени избори за да се врати правото и правдата во државата, ќе се разгледа можноста да се издејствува на друг начин кој не исклучува ниту протести на улиците или напуштање на институциите.

Инаку, Заев вчера ја официјализираше поканата за лидерска средба, која како што предложи би се одржала во петок во Клубот на пратениците, а освен Мицкоски ги покани и лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села.

Премиерот Заев на прес-конференцијата кажа дека освен за темите кои ги најави на средбата може да се разговара и за други прашања кои би ги иницирале учесниците во разговорите, но вели, иако влаедајчката партија е подготвена за избори, предност во моментот треба да има евроинтеграцијата и развојот на државата и економијата.

На средбата, како што рече, очекува лидерите да се фокусираат на создавање услови за последниот исчекор за старт на преговорите и од неа да произлезат предлози за Акциски план и работни групи во кои би учествувале претставници од сите парламентарни групи со кои ќе има разговори.

Затворањето на овие теми, според него, ќе значи заокружување реформите во делот на европските интеграции со кои ќе се претставиме наесен како земја која ги затворила сите прашања за добивање на ветениот датум за старт на преговорите.– Никому да не му дадеме аргумент да биде против, да биде резервиран или слично, рече премиерот.

Заев останува на ставот дека треба да се оди на редовни избори, освен ако нема некои сериозни аргументи. Смета дека редовните избори би можеле да бидат поместени во окотмври 2020 година за тие да не се одржуваат во зима. Ваков став минатата недела изнесе и Артан Груби од ДУИ, кој дури кажа и дека можни термини за избори би биле и крајот на мај или јуни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега