Питомците на Воената академија дадоа свечена заклетва
Питомците - студенти од првиот циклус на студии од учебната 2013/2014 година, денеска во Воената академија во Скопје дадоа свечена заклетва.
Министерот за одбрана Талат Џафери денеска нагласи дека во наредните четири години преку практична и теоретска настава според светските стандарди, питомците ќе се здобијат со современи знаења од воената професија. Тој додаде и дека обврска на идните офицери е достојно да ја претставуваат армијата, дома, во НАТО, во ЕУ и во ООН.
На свеченоста присуствуваа и началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев и државниот секретар Сашо Стефаноски и деканот на Воената академија, полковникот Орце Поповски.
- За да успеете ќе морате неизмерно да се трудите и да имате само една цел – да станете одлични офицери и лидери, нагласи деканот Поповски.