Расветлена кражбата на гостиварската црква „Св. Архангел Михаил“
Полицијата во Тетово приведе две лица за кражба на бакарен лим од црквата „Св. Архангел Михаил“.
Се работи за 19-годишниот Ш.З. и малолетник кои по кражбата во црквата биле забележани како заминуваат со „застава 101“ со приколка. При претрес на нивното возило биле пронајдени 11 парчиња бакарен лим, бакарна жица и лимарски клешти.
По расветлување на кражбата, СВР Тетово најавува соодветни пријави.
07.10.2013 - 12:21