Попоски ќе се сретне со почесните конзули

 

Министерот за надворешни работи Никола ПОпоски денеска ќе се сретне со почесните конзули на Македонија во странство кои од вчера престојуваат во земјава.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека покрај анализа на досегашната работа, на средбата ќе бидат утврдени и приоритетите за идно делување.  

Почесните конзули утре во Охрид ќе се сретнат со највисоките владини претставници од наведените сфери. Средбата е во функција на сеопфатно информирање за приоритетите на Владата, како и заложбите за привлекување странски инвестиции, промоција на извозот и презентирање на туристичките потенцијали на Република Македонија.

За време на посетата на Македонија, конзулите ќе се сретнат и со градоначалниците на Скопје Коце Трајановски, на Битола  Владимир Талески и на Охрид Никола Бакрачески. На разговорите ќе бидат презентирани економските, културните и туристички потенцијали на овие центри. 

Претседателот Ѓорѓе Иванов вчера организираше прием во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, додека градоначаникот Трајановски, на почесните конзули им овозможи прошетка и разгледување на Скопје. 

Почесните конзули ќе престојуваат во Македонија до 10 октомври.

07.10.2013 - 08:49
Фото: 
mfa.gov.mk

најчитано сега